Вести Македонија Топ вести

Почина Мирко Попов еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика

На 51 година почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, откако неколку дена беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар по мозочен удар.

Мирко Попов беше сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко.

Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар.

Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“.

Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика.

Дел е и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој досега има издадено повеќе ЕП изданија и албумот “Чил Фолк“.

Има остварено повеќе улогии во театарски претстави, како и на филм.

Се јавува и како автор на неколку музички дела за театар и филм.

Режира една радио драма.

Уредник е на неколку емисии што се емитуваат на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потребата од физичка активност како дел од секојдневнието на човекот

Дејан Дејан

Остануваме на ваша страна за реформи и европска иднина – Макрон со честитки до Силјановска за изборната победа

Дејан Дејан

Крвопролевањето продолжува, делегациите ги напуштија преговорите – Израел и Хамас без договор во Каиро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе