Вести Македонија Топ вести

Пендаровски, Ковачевски и Мисовски уверени во победа

Изминатите години беа донесени тешки одлуки кои се покажаа стратешки исправни. Македонија стана членка на НАТО и трасира пат за членство во Европската Унија.

СДСМ, НСДП и заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, со вакви пораки изразија увереност во двојна изборна победа.

Пендаровски е уверен дека коалицијата на СДСМ има подобри перформанси на сите полиња.

Грешките се казнуваат со правно процесуирање, што не било случај пред 7 години.

Претседателот на СДСМ Ковачевски се сомнева дека ВМРО ДПМНЕ манипулира со лажни ветувања и фалсификати.

Пример за тоа се дадените па повлечени потписи за Силјановска и состојбите во град Скопје по победата на опозицијата.

На својот шести конгрес, НСДП се претставува како силен поддржувач на заедничката коалиција и на заедничкиот претседателски кандидат.

Горан Мисовски потсети на многуте заеднички битки, меѓу кои и онаа од 27ѕ април.

Синоќа, на конгресот на СДСМ беа претставени кандидатските листи за пратеници.

Партијата уверува дека има издржан план за иднината, кој предвидува завршување на преговорите со ЕУ до 2028 и членство до 2030-та година.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе