Вести Македонија Топ вести

ВМРО – ДПМНЕ ги презентираше проектите програмата “Платформа #1198”

Платформа  1198  е програмата со која ВМРО ДПМНЕ оди на овие парламентарни избори. Низ 5  дебати на различни теми во текот на денот партиски функционери и експерти ги презентираат проектите а попладнево претседатлеот на партијата Мицкоски ќе ги сумира клучните точки од програмата чија бројка (#1198) го означува и бројот на проекти што ги ветуваат од опозициската партија.

Во економsкиот дел фокусот го насочуваат кон капитални инвестиции од 3 милијарди евра- за инфраструктурни проекти, за проекти во образование, во здравство, 55 илајди нови работни места и  намалување на стапката на невработеност на 7.5%,  укинување на мрежарината.  Упатија критики за програмата на СДСМ.

Полноправно членство во ЕУ и негување на стратешкото партнерство со САД меѓу клучните приоритети во надворешната политика.

За спорот со Бугарија останува истиот став дека со актуелните услови не прифаќаат уставни измени.

-Легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија, рече потпретседатлеот на партијата Тимчо Муцунски.

Во делот на политиката и владеењето на правото партиските функционери говореа за Собрание  со 90 пратнеици и 1 изборна едница, реформа во правосудниот систем и јавната администрација, распуштање на судсиот и советот на јавните обвинители.

ВМРО ДПМНЕ следната недела ќе ги финализира листите и коалициите за парламентрните избори. Од партијата до сега открија дека Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица, Мисајловски во двојката, Ковачки тројката, Николовски четворката, Сајковски петката и Стојановска во шестката.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе