Вести Македонија Топ вести

Адвокати го оспорија законот за академија за судии пред Уставен

Грешката со бодовите во законот за Академија за судии и јавни обвинители дојде и до Уставниот суд. Адвокатите Ана и Александар Огненовски поднеле иницијатива за оценување на уставноста.

Со последните измени на законот, стои дека кандидатите кои полагаат практичен испит за влез во академеијата можат да добијат максималум 100 бодови но истовремено за усниот испит предвидени се намногу 35, а на писмениот 70  бодови со што збирот изнесува 105.

Вакавите одредби се неспроведливи, се создава правна несигурност и се доведува во прашање владеење на правото смета адвокатата Ана Огненовска.

Според динамикаа што Академијата ја објави на нивната веб страна во текот на април и мај продолжува спроведувањето на приемниеот испит за 9тата генерација од 130 слушатели  Адвокатите предлагаат Уставен да определи и времена мерка за да се запрат испитите додека не се однесе конечна одлука за оспорените законски одредби.

Телма веќе пишувше за ова прашање. Од Правда претходно ја признаа грешката и најавија дека бараат решение со Собранието и Акадмеијата.

Конкретно решение се уште не се открива. Пратениците ќе работат на закони до крајот на месецот пред да почне кампањта за претседателските избори.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе