Вести Македонија Топ вести

Малолетник од Бојане прободен од малолетник од Буковиќ кај ТЦ „Мавровка“

Малолетник е прободен кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Инцидентот се случил денеска околу 13:30 часот, кога во полиција било пријавено дека е повреден малолетник, од село Буковиќ, скопско, со остар предмет од друг малолетник од село Бојане.

Повредениот веднаш е пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“. Осомничениот малолетник е приведен во полициска станица и со него се врши разговор во присуство на родител.

Ова е втор случај малолетник да биде избоден за една недела. Во Прилеп до смрт беше избоден малолетник поради врсничка нетрпеливост.

„Момчето е донесено за преглед во 14 часот, поради убодна рана во предел на десната надколеница. Прегледана е раната, направени се рентген снимки. Раната е обработена, сошиена и детето е пуштено на домашно лекување“, изјави за Телма, Љубен Арсенков, директор на Градска општа болница „Св, Наум Охридски“ во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе