Вести Македонија Топ вести

Демири: Функцијата во ДИК ќе ја извршувам совесно и одговорно

Абдуш Демири вети дека функцијата член на ДИК ќе ја врши совесно и одговорно, во согласност со Уставот и законите. По давањето на свечената изјава пред спикерот Јован Митрески, претседателот на ДИК Александар Даштевски и генералната секретарка Цветанка Иванова, Демири може се вклучи во работата на Државната комисија.

Тој беше избран минатата недела со 90 гласа за и без ниту еден против или воздржан, како предлог на опозицискиот Европски фронт за промени.

ДИК работи во некомплетен состав повеќе од една година, откако Кренар Лога беше избран за министер за правда. Постапката на избор на седмиот член се развлече поради недоразбирањето која партија треба да го предложи: здружената опозиција на партии на Албанците или Алијанса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе