Вести Македонија Топ вести

Техничка влада, ДИК и избори се главни предизвици за следната година

Техничка влада, доекипирање на ДИК, претседателски и парламентарни избори се предизвиците кои не` очекуваат идната година. Премиерот, кој се очекува уште во јануари да си даде оставка, во предновогодишното обраќање уверува дека платите и пензиите ќе продолжат да растат и следната година, а ќе се работи и на забрзување на европскиот пат на државата.

Претседателот на Собранието, кој за еден месец ќе седне во фотељата на Ковачевски, посака новата година да биде книга чии страници ќе бидат испишани со убави работи и позитивни дела.

За министерот за надворешни работи, пак, и следната година најголем предизвик се уставните измени.

Опозицијата денеска се воздржа од честитки и повторно упати критики за работењето на владата и лошата состојба во судството.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе