Преполни продавници, месарници, пазари и плоштади. Граѓаните брзаат да се подготват за дочекот на новата година. Ниските плати и пензии се причина за оваа година да се пазари помалку од лани велат граѓаните. Младите со друштво во кафеани, кафулиња и станови- постарите решени во домашна атмосфера да ја дочекаат новата година.
Концерти на македонски автори и изведувачи, забавна програма за најмладите, штандови со закуски и пијалоци,неколку дена на градскиот плоштад има новогодишна програма. Најмалите најрадосни.
Граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна, апелираат од министерството за здравство и додаваат дека имаат подготвено дежурни екипи за потребната здравствена заштита кај пациентите. Од МВР пак апелираат да не се користат пиротехнички средства. Јавниот превоз на 31 декември и 1ви јануари ќе сообраќа по неделен возен ред. Билетарниците за време за новогодишните празници нема да работат, а жичарницата на Водно ќе работи вообичаено. Зонското паркирање на први ќе биде бесплатно, а наплата ќе има само во катните гаражи.
Симона Петровска