Многу е рано да се презентира до каде е случајот со „Тендерите на Државна лотарија“, откако го отвориме по допрен глас по емисијата КОД вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.
Но, смета дека овој предмет и предметите за „Бехтел и Енка“ и „Реконструкција на спортската сала Борис Трајковски за самитот на ОБСЕ ќе ги завршат во јануари, односно до крајот на нивниот мандат.
Актуелната претседателка на ДКСК ги прокоментира кандидатите и има забелешка на изборот на нови членови на ова независно тело бидејќи како што вели меѓу нив видела и многу експонирани политички личности.