Вести Македонија Топ вести

Академик Живко Попов на чело на МАНУ до 2027 година

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов – секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски – секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова – секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев – секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски – секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ – секретар на Одделението за уметност, – акад. Глигор Каневче – избран член.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе