Вести Македонија Топ вести

Линеарно покачување на пензиите за 5.000 денари, 250 милиони евра годишно за општините – Мицкоски со најава ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку партиска трибина, почна со објавување на програмата со која партијата ќе се претстави на парламентарните избори. Промена на даночниот систем, линеарно зголемување на пензиите, како и ново министерство за енергетиката, рударството и минералните суровини. Ова се само дел од клучните сегменти на кои се базира програмата на опозициската партија.

Лидерот Христијан Мицкоски истакна дека доколку дојдат на власт ќе ги зголемат пензиите линеарно за 5.000 денари и ќе обезбедат 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции. Тој во обраќањето го стави фокусот на пензионерите за кои рече дека заслужуваат линерано зголемување на пензиите.

Мицкоски најави дека доколку дојдат на власт, еден од прироитетите ќе бидат капиталните инвестиции. За таа цел, како што истакна, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди една милијарда евра во четиригодишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе