Вести Македонија Топ вести

Зекири – обвинителката не го докажа неоснованото обвинение барам ослободителна пресуда

Следниот петок Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за екс генералниот секретар во Владата Мухамед Зекири. Денеска заврши постпаката портив него со давање на завршни зборови.

Обвинителката Катерина Коларевиќ побара да биде осуден за злоупотреба на службената положба и да му биде конфискуван имот за штетата што ја предизвикал со двата консултатски договори за АД Пошта и МЖ Транспорт тешки околу 940 илјади евра и 422 илајди евра (вкупно над 1,3 милиони евра).

Обивнителката анализирајќи ги доказите рече дека тој ги пречекорил службените овластувања и наместо да спроведе јавна набавка незаконски склучил директен договри во двата случаи.

Зекири и неговиот адвокат објаснуваа дека обивнителката не го докажала неоснованото обивнение и побараа ослободителна пресуда.

Со растреперен глас Зекири објаснуваше дека постапил според заклучоците на владата и дека тоа го потврдиле владините претставници кои беа и сведоци.

Побара од судијката во атмосфера на убедување за корумпираност на политиката во целост  да не дозволи покрај сувото да изгори и суровото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе