Вести Македонија Топ вести

Израел нелегално се повикува на право на самоодбрана според пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2004 година – Хаџи Јанев во „Топ тема“

Израел нелегално се повикува на правото на самоодбрана, бидејќи постои пресуда на Меѓународниот суд на правдата од 2004 година во однос на ѕидот, во која се истакнува дека со неговата изградба, Израел нема право да се повикува на право на самоодбрана на територија која што е окупирана, нагласи проф. д-р. Методи Хаџи Јанев, воено-политички аналитичар, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Автоматски на тоа, правото на самоодбрана на Израел е недозволено. Втората опција е дека Хамас ги користи како штит, не дозволува употреба на сила во самоодбрана и не може таа сила да се употребува непропорционално и без да се почитуваат четирите принципи на војувањето. Тоа се принципот на дистинкција или разликување на легитимни од нелегитимни воени цели, поштеда на цивилите. Сето тоа само по себе говори за фактот дека Израел, најверојатно, непресметано влезе во ова, дури ги стави и САД, како нивни ментор, во една многу незавидна позиција и да бранат нешто што тешко се брани. И ова примирје е комбинација од политички и оперативен потег кој ќе треба да дозволи да се види каков маневар ќе направи Хамас, но и да се прикаже онаа страна на Хамас дека станува збор за терористичка организација која што не почитува правила“, истакна Хаџи Јанев.

Израел и Хамас, со посредство на Катар и Египет, денеска постигнаа договор за хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа кој треба да трае четири дена, да се дозволи влез на хуманитарна и медицинска помош, како и гориво, во енклавата, како и етпано ослободување на 50 израелски цивили кои се држат во заложништво, но и 150 Палестинци, вклучително жени и деца, кои моментно се наоѓаа во израелските затвори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе