Вести Македонија Топ вести

Неизвесни заедничките изборни листи на владејачката коалиција

Заеднички изборни листи се се` уште отворена тема меѓу владините партнери. Во Алијанса за Албанците анализираат и разговараат со СДСМ и ДУИ, го консултираат и членството, но иако не го затвораат прашањето, претседателот на партијата, Арбен Таравари засега е со став дека „во моментов е малку проблематично за нив како партија да бидат на една листа со ДУИ„.

Сепак, и тој синоќа, и министерот за правда денеска, оставија простор одлуката да ја донесат партиските тела.

Од СДСМ и ДУИ се убедени дека во Алијанса за Албанците на крај ќе се предомислат.Во секој случај, подготвуваат предизборна коалиција наречена Европски фронт.

Груби очекува деновиве да се прецизира датумот на изборите, за кои е веќе извесно дека ќе бидат споени. Тоа значи дека веќе на крајот на јануари, ќе имаме техничка влада предводена од премиер од ДУИ, чие име засега не се открива.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе