Вести Свет Топ вести

Столтенберг од Сараево: Загрижува руското влијание и сецесионистичката реторика

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг почна со официјалчните средби во рамките на турнејата на регионот. Од Сараево порача дека е загрижен поради русакото влијание во регинот и сецесионистичката реторика. На лидерите на Босна и херцеговина им порача дека државата ја има поддршката на Алијансата во евроатлантските ингерации, а тие мора да го зајакнат единството во државата и да продолжат со реформите. Столтенберг утре пристигнува во Скопје за кога е предвидена средба со државниот врв и обраќање пред парламентот додека во среда во Скопје ќе се сретне со премиерите на Албанија, Словенија и Црна Гора и со претседателот на Хрватска.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја почна неколкудневната турнеја на регионот во рамките на која ќе ги посети Сараево, Приштина, белград и Скопје и ќе се сретне со државниот врв на сите поранешни југословенски републики. Првата станица е Сараево каде што Столтенберг слета вчеравечер а тоа е и прва официјална посета на Босна и Херцеговина. Веднаш по пристигнувањето, тој одржа работна вечера со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Утрово, генералниот секретар на НАТО имаше состанок со Бојана Кришто претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина на која тој Столтенберг соопшти дека се разговарало за безбедносната состојба во државата но и во регионот.

На прес конференцијата ја нагласи недвосмислената поддршка на Алијансата на Босна и Херцеговина во евроатлантските интеграции и на безбедносен план, порача дека политичките лидери во државата мора да работат на зацврстување на  единството и напредокот.

Тој предупреди дека е загрижен поради сецесионистичката реторика и руското влијание како во државата така и во регионот и ја нагласи важноста на зачувување на стабилноста во западниот Балкан.

Од Сараево, генералниот секретар продолжува во Приштина каде ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти

Столтенберг утре доаѓа во Скопје во дводневна официјална посета на Македонија. За утре се предвидени средби со државниот врв, претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и спикерот Џафери а предвидено е и негово обраќање во Парламентот.

Во среда пак, во Скопје, генералниот секретар на НАТО ќе има средби со премиерите на Албанија, Словенија и Црна Гора, Еди Рама, Роберт Голоб и Милојко Спајиќ како и со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе