Вести Македонија Топ вести

Најдоцна до четврток ќе се знае дали Лавров ќе дојде во Скопје за министерскиот Совет на ОБСЕ

Деновиве треба да биде познато дали ќе биде прифатено учество на руска делегација предводена од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ што од 29 ноември до 1 декември ќе се одржи во Скопје.

Од МНР последно соопштија дека не е дефинирано кој ќе ја предводи делегацијата на Русија, со оглед дека воздушниот простор кај нас и во соседните земји за високите претставници на руското МНР е затворен.

На 30-от министерски Совет на ОБСЕ ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери и се очекуваат 1.000 гости во странските делегации.

Владата веќе ја информираше јавноста дека на 29 ноември јавната администрација и вработените во јавниот сектор на територијата на Град Скопје ќе бидат на работа до 12 часот, додека 30 ноември ќе биде неработен ден.

Ваквите препораки се упатени и до приватниот сектор особено до компаниите кои гравитираат на подрачјето на хотелот „Александар Палас“ и салата „Борис Трајковски“. На 30 ноеври нема да работат ниту основните и средните училишта во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе