Во време кога во Македонија граѓаните не можат да закажат за промена на возачка и има турканици осовено на пунктовите на МВР во Скопје, полицијата во Абу Даби користи роботи кои се поставени во трговските центри.
Роботот може да ве фотографира, да ги внесе вашите лични податоци и да ви ја испринта вашата возачка дозвола за само неколку минути.
Исто така со овој робот можете да си проверите доколку сте возач од Абу Даби, колку негативнии поени имате на возачката.
За сега нема робот сообраќаец, но Artificial intelligence се користи во видео надзорот на сообраќајот. Полицијата на Абу Даби има сопствена платформа каде ги покажува негативните примери од сообраќајот и ги учи возачитe да не ги повтoруваат истите грешки.
Роботите поставени во шопиг моловите освен за услуги кон возачите претставуваат и главна атракција за децата.
Од Aбу Даби за вестите на Телма се јави Снежена Лупевска Созен