Вести Македонија Топ вести

Независниот синдикат на здравствени работници при КСОМ обвинува за мобинг – работодавачите им се заканувале со преместувања од едно на друго работно место

Независниот синдикат на здравствени работници и административниот персонал обвинува дека изминатите неколку дена се врши невиден мобинг врз здравствените работници, административно техничкиот персонал, медицинските сестри и докторите, од страна на работодавачите односно на директорите на Градските општи болници и Клиничкиот центар.

Како што велат секојдневно се соочуваат со закани и преместувања од едно на друго работно место.

Додаваат и дека од вработените покрај тоа што поседуваат картичка за евиденција се барало да се потпишуваат во тетратки во кои треба да наведат кога дошле на своето работно место и кога си заминале.

Од синдикатот информираат дека стојат зад вработените, а како дел од КСОМ на располагање им се ставени 58 адвокати кои на вработените кои се изложени на мобин им стојат на располагање за бесплатна правна помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе