Напуштете ги домовите и тргнете кон југ, е предупредувањето на израелската војска до Палестинците во Газа, истакнувајќи дека мора да се евакуираат до полноќ, бидејќи, во спротивно, ќе се најдат на патот на напади.
Илјадници летоци со таква содржина во текот на денот беа расфрлани по палестинските населби, со насоки за евакуација кои ги препорачуваат израелските сили.
„Израел напаѓа и ќе продолжи со нападите на сите места од кои се лансираат проектили кон нашата територија“, предупреди израелската војска.