Четириесет и шестгодишен битолчанец смртно настрада во сообраќајна несреќа во која тешко се повреден неколку лица, меѓу кои и малолетници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила синоќа во 21:05 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево. Во неа учествувале патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (46) од Битола и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (43) од Прилеп.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б. (38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп и Јавен обвинител.