Вести Македонија Топ вести

Статус-кво на цените во маркетите – попусти нема, се чекаат анализите, па мерките на владата во вторник

Додека владата подготвува рестриктивни мери за цените на основните прехранбени продукти, ланците на маркети држат сè уште до високи цени. Иако ја имаа можноста по најавите за забрана овој викенд да понудат акциски цени, такви промоции граѓаните велат дека нема.

„Не, ништо нема на акција. Ништо, ништо, баш ништо. И кога прашавме во маркетот ни рекоа дека акции веќе нема нема затоа што цените се замрзнати“, одговорија граѓаните.

Граѓаните по стапување на мерката на владата ќе пазаруваат и со 10 отсто пониски цени леб, млеко, кашкавал, сирење и други основни продукти. Багателно ќе може да се нудат на акциска промоција само алкохолот и соковите. Основа за намалување ќе биде една од цените од претходните месеци, но од кој точно Бектеши не прецизираше. Но, дотогаш тоа што се нуди на рафтовите во моментов е со изгор скапи цени, реагираат граѓаните.

Анализите сè уште не се готови. Но, затоа планот како ефикасно да се спроведуваат мерките, економија го има на хартија. Се прават и измени во законот за ДПИ со кои пазарните инспектори ќе можат веднаш да го затворат објектот кои нема да ги почитува одлуките.

„Ќе има затворање од страна на ДПИ, ако не се почитуваат, иако не сакаме тоа да се случи, но ако има неправилности ќе го сториме тоа“, вели Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Одлука за замрзување на цените ќе се донесе во вторник на владина седница, а веќе од среда пазарните инспектори ќе прават проверки на терен. Дополнително ќе се носат и мерки за производителите и дистрибутерите. А ќе има и ново законско решение за нефер трговски практики, со кои се укинуваат над 20 отсто од одредени давачки во синџирот на трговија. Најголем дел од производите чии цени ќе се намалат се со  ДДВ од 5 отсто. Цените кај нас се зголемиле за 46 отсто, во Европа за само 11 проценти. Поради тоа се отвара сомнеж дека кај нас постои картелско договорање при формирање на цени.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе