Вести Македонија Топ вести

Запленети 4 тони апчиња за потенција – стоката била нелегална и опасна по здравјето

Спречена е нелегална трговија на 4 тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, соопшти Царинската управа. Инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдиле дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства.

Стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Македонија и е различно декларирана.

Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје.

Запленети се 48 илјади кутии Орал џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце, соопшти Царинската управа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

(Видео)Националната гарда на улиците во Лос Анџелес откако ескалираа протестите

Дејан Дејан

Сончево и топло со попладневна локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе