Вести Свет Топ вести

Русија: Нечовечна е одлуката на САД да испрати оружје со осиромашен ураниум во Украина

Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон да го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум.

  • Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.

САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев. Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум.

Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението.

Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе