Вести Свет Топ вести

Гутереш предупреди на опасноста од „голем слом“ на светските економски системи

На последниот ден од Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Џакарта, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на опасноста од фрагментација и „голем слом“ на светските економски и финансиски системи.

Во говорот со широк опсег што ги допре геополитичките тензии, мултилатералните развојни финансии и климатските промени, Гутереш ги повика светските лидери да најдат мирни и инклузивни решенија за предизвиците со кои се соочува светот.

  • „Постои реална опасност од фрагментација – голем дефект на светските економски и финансиски системи, со различни стратегии во технологиите и вештачката интелигенција и конфликтни безбедносни рамки“, рече генералниот секретар на ОН.

Тој повика на механизам за да се обезбеди олеснување за економиите во развој загрозени од долгови, што ќе вклучи суспензии на плаќањата, подолги рокови за заеми и пониски каматни стапки.

Во говорот на самитот на АСЕАН, на кој присуствуваа претставници на САД, Кина, Јапонија и други земји, Гутереш исто така, изрази поддршка за реканализирање на дополнителни 100 милијарди американски долари од специјалните права на влечење на Меѓународниот монетарен фонд преку мултилатерални развојни банки за да се зголеми ликвидноста и да се поддржат потребите на економиите во развој. Богатите земји се согласија во 2021 година да ги пренасочат неискористените средства во сиромашните земји.

Генералниот секретар на ОН, исто така, рече дека останува „длабоко загрижен“ поради „влошувањето на политичката, хуманитарната и состојбата со човековите права“ во Мјанмар.

  • Го повторувам мојот итен повик до воените власти на Мјанмар да ги слушаат аспирациите на својот народ, да ги ослободат сите политички затвореници и да ја отворат вратата за враќање на демократското владеење, рече тој.

Шефовите на земјите-членки на АСЕАН се очекува да имаат средба со претатвниците на Обединетите нации подоцна во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе