Вести Македонија Топ вести

Откриен идентитетот на лицето кое го развиори знамето на „Голема Албанија“ при посетата на Курти на Тетово

СВР Тетово информира дека откриен е идентитетот на лицето кои на 11 август за време на посетата на Курти на плоштадот во Тетово го развиори знамето на „Голема Албанија“.

Станува збор за лице со германско државјанство на 21 годишна возраст.

Утврдено е дека со постапката странскиот државјанин сторил кривично дело и за него ќе биде поднесено пријава за понатамошно постапување на обвинителството.

11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин. Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе