Вести Македонија Топ вести

Николовски се пофали со нови европски пари за земјоделството – Маричиќ: Се уште не се достапни

Со европската програма ИПАРД 3 Македонија добива уште 97 милиони евра за модернизација на земјоделството. Објавен е стартот на новата и зголемена помош од европските фондови.

Ова е зголемување од 37 милиони евра споредено со програмата ИПАРД 2.

Помошта изнесува до 60 отсто од вкупните прифатливи трошоци или 70 отсто за младите земјоделци и може да се исплати авансно, веднаш по потпишувањето на договорот, а опремата може да се набави од која било земја.

Македонија е прва земја која започнува со оваа програма.

Сепак овие пари се уште не се достапни за Македонија, затоа што не е потпишана финансиската спогодба.

Ова за Телма го тврди вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Вели дека по претходна консултација со Брисел, односно по препорака на Директоратот за земјоделие, земјава добила право во интерес на земјоделците да го објави првиот јавен оглас за ИПАРД 3, без да е потпишана финансиската спогодба.

По добивањето право за управување со 97 милиони евра, Македонија ја искористила т.н. суспензивна клаузула за да се објави повикот, вели вицепремиерот за европски прашања.

Тоа како што објаснува ќе значи дека овој период треба да ги спроведеме сите постапки, но не смееме да вршиме плаќања, кои и така не е можно да се извршат пред потпишувањето на финансиската спогодба.

Рокот за подготовка на  апликациите ќе трае до 1 ноември, потоа ќе следи евалуација на апликациите.

Вака добиваме време да се подготви финансиската спогодба и да ја потпишеме до крај на годината, истакнува Маричиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе