Вести Македонија Топ вести

Османи: Опозициското толкување на изјавата на Макрон за „различни брзини“ е погрешно

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи на Бледскиот форум рече дека опозициското толкување на изјавата на францускиот претседател Макрон за „различни брзини“ е погрешно  и дека акцентот треба да се стави на пораката на Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за нови членки до 2030-та година.

„Прво, добро е што Александар Адам е со нас овде, бидејќи тој е еден од архитектите на таканаречениот француски предлог. И овој предлог што што доведе до договор минатата година се засноваше на некои принципи. Принципот дека македонскиот јазик ќе биде во преговарачка рамка без никакви дополнувања и ќе биде официјален јазик на Европската Унија откако ќе станеме членка на ЕУ. Големо НЕ за воведување историски толкувања во патоказите, кластерите, поглавјата, одредниците на преговарачкиот процес. Големо НЕ за секоја дебата за идентитетот попат. Но, едно големо ДА за правата на заедниците, за правата на малцинствата без разлика на нивната големина, бидејќи ова е нашиот белег – Северна Македонија е позната по својата функционална мултиетничка демократија. Значи, ДА за уставни измени, ДА за воведување на најширок пакет привилегии за сите заедници, вклучително и на бугарската заедница, кој врз основа на последниот попис брои околу 3500. Ова е принципот на кој се засноваме. Понекогаш кога имаме различни толкувања меѓу нас и Софија, велиме: Да ги повикаме Париз и Александар Адам да ни објаснат, затоа што тоа се главните принципи,“ рече во своето обраќање Османи на Бледскиот форум.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе