Вести Македонија Топ вести

Еди Рама: Побезбедни сме во бавниот европски автобус отколку во руски авион

-„Се ​​подразбира дека автобусот никогаш не може да стане авион… Но, верувајте ми, во актулената состојба, да останеш во автобусот на ЕУ и без седиште да е, побезбедно е отколку да седите во руски авион, бидејќи патувањето може да биде многу бавно, а нашата дестинација многу далеку, но едно е сигурно како смртта: Овој автобус никогаш нема да падне“, напиша Рама на Твитер.

Пораката на Рама доаѓа по денешната изјава на Дана Спинат, портпаролката на Европската комисија, која рече дека проширувањето е процес заснован врз заслуги, одбивајќи да ја коментиера изјавата на Шарл Мишел, потенцирајќи дека земјите кандидати ќе се зачленат во ЕУ тогаш кога ќе бидат подготвени.

 

  • „Ако сакаме да бидеме кредибилни, верувам дека треба да зборуваме за тајминг. Мора да зборуваме за нашата домашна работа. И имам сугестија. Додека ја подготвуваме следна европска стратешка агенда ние мора да си поставиме јасна цел. Јас верувам дека ние мора да бидеме подготвени, и на двете страни, до 2030 за проширување“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европски совет на самитот во Блед, Словенија.

Од Европската комисија со порака- земјите кандидати ќе се зачленат во ЕУ тогаш кога ќе бидат подготвени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе