Вести Македонија

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем

Кривична пријава ќе биде поднесена против 36 годишниот жител на Вевчани Ранко Србакоски кој на социјалните мрежи пишуваше дека „децата со посебни потреби се товар на државата и извор на органи за здрави деца“, соопштија денеска од ПВР Струга.

Денеска (27.08.2023) во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С. од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик. Во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем, соопштија од таму.

Претходно и Првата детска амбасада Меѓаши поднесе кривична пријава против Србакоски, адресирана до МВР и Одделот за компјутерски криминал по основ ширење на говор на омраза и насилство на социјалните мрежи, за што е предвидена и казна затвор од една до пет години.

За случајот пошироката јавност дозна по преписката на социјалните мрежи и низата навреди од страна на Србакоски кон Зоран Мијалков, кој е татко на две деца со аутизам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото на Вања и кажал да се облече како за планинарење за денот кога групата на Палевски-Палчо го извршиле нечовечното убиство на дете: Завршни зборови на обвинителството

Дејан Дејан

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе