Вести Македонија Топ вести

Василево, Босилево и Ново Село на иста линија – рудник нема да има

Општините Василево и Босилево тргнаа по стапките на Општина Ново Село и на седниците на советите едногласно беше изгласана одлука дека се против отварањето на рудниците „Иловица – Штука“ каде треба да се ископува злато и бакар.

Ставот на Општина Василево е дека здравјето на граѓаните е пред се и загадување на почвата во овој земојделски крај не смее да има.

Вчера пак и советот на Општина Босилово ја донесе одлуката откако на претходните седум седници точката не беше ставена на дневен ред за гласање поради што на седницата одржана пред десетина дена замалку ќе се случеше инцидент меѓу активистите и дел од советниците.

Советникот од редовите на граѓанската иницијатива „Стига е“, Стојан Велков – Трн, најави дека на потег е Општина Струмица ќе присуствуваат активисти и граѓани кои очекуваат да се потврди одлуката против отварање на рудниците.

Од компанијата „Еуромакс“ најавија дека ќе бараат од Владата да ја преиспита одлуката со која го укина спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица“ за што веќе испратиле формално известување.

Оттаму најавија дека не ја исклучуваат можноста од отварање на арбоитражна постапка доколку успеат да докажат дека владината одлука за повлекување на концесиите е политички мотивирана или споритвна на законските норми.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Небензија: Прекинот на огнот во војната против Украина е „нереален“

Дејан Дејан

Венс со спротивен став на Рубио – „оптимист“ е дека ќе биде достигнат договор за мир

Дејан Дејан

Лавров: Русија е подготвена да земе улога во разговорите меѓу Иран и САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе