Вести Македонија Топ вести

Внуците на Ахмети напредуваат на ракетен погон – едниот е дипломат од мај, вториот газда на Соравија

Вториот внук на Али Ахмети, Бесиан добил позиција во амбасадата во Брисел како прв секретар на амбасадата за да привлекува странски инвестиции од Бенелукс, за разлика од братот Дрин кој пак е инвеститор и купувач на Соравија центар во Скопје. Бериќетот ја погодил фамилијата на лидерот на ДУИ за помалку од два месецa.

Според документите на Министерството за економија, Бесиан Ахмети бил избран на интерен оглас на 24-ти март оваа година, а од мај веќе бил во Брисел. На првата дипломатска задача, тројната посета на Пендаровски, Бектеши и Деспотовски, според информациите на Телма, имал неколку грешки и пропусти при активностите, но се обидувал да ја префрли и одговорноста и обврските на други.

Интересно е што за ова место во амбасадата во Брисел, потребата била утврдена лани во јули од сограѓанинот на Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши. Само неколку месеци претходно Бесиан Ахмети, во средината на мај бил вработен во министерството како помлад соработник за една година подоцна успешно да стане дипломат и прв секретар на амбасадата во Брисел.

Одлуката ја потврдила и владата и министерот за надворешни работи, Бујар Османи што значи дека мора да знае дека го испратил внукот на својот партиски лидер во Брисел, за разлика од неинформираноста за вториот внук на Ахмети и неговото заедничко, со партнер од Албанија,  купување на над 30 милиони евра вредниот деловен центар Соравија. Внукот-инвеститор Дрин Ахмети вчера во изјава за веб медиумот Макфакс тврдеше дека неговото купување на Соравија нема никаква семејна врска со чичкото Али кој веќе дваесет години е во власта и е пратеник.

За неговата инвестиција Дрин Ахмети навел дека парите се чисти за што ќе покаже документи во септември, бидејќи сè уште течат купопродажните активности. Во Македонија, сепак, има надлежни институции како финансиско разузнавање и финансиска полиција кои треба да истражат дали парите имаат врска со лидерот на ДУИ. Најголем проблем, според ДКСК, е тоа што нема закон за потекло на имот, а случајот со внукот Дрин Ахмети е дефиниција за потреба од проверка на имот на блиски луѓе на функционерите.

Купопродажбата на Соравија се финализира, а купувачи се албанската компанија „Пе-Вла-Ку“ која што го пофали партнерот „Тхор“ на Дрин Ахмети, надевајќи се на успешна работа со деловниот центар. Лидерот на ДУИ не беше спомнат во соопштението на компанијата од Тирана за новата инвестиција во центарот на Скопје. Од друга страна случајот Соравија откри дека младите внуци на лидерот на ДУИ напредуваат на ракетен погон и во финансиската состојба и во државната дипломатија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе