Вести Македонија Топ вести

Жирафата Каспер угинала од инфекцијата салмонела

Жирафата Каспер угинала од инфекцијата салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина констатирано е дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.

„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“. Професорите, доктори Трпе Ристоски и Кирил Крстевски во наодот дополнуваат и за најдените паразити.

Жирафата Каспер угина пред еден месец. Имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Ова е втора жирафа која пцовисува, откако претходната почина во 2014 година на три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години.

Иако од Золошката градина во Скопје, кога ја објавија веста за смртта на Каспер, ветија дека јавно ќе ги објавата причините за угинувањето, до сега на нивната ФБ страница нема такви информации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе