Вести Свет Топ вести

(ВИДЕО) „Збогум Кемал“ Ердоган се подбива со опозицискиот кандидат откако прогласи победа

И додека опозицискиот претседателски кандидат Кемал Киличдароглу сѐ уште не излегол со официјален став во врска со денешните избори, на кои беше поразен од актуалниот претседател со 52 наспроти 48 проценти од гласовите, Ердоган триумфално од отворен автобус им се обрати на своите приврзаници во Истанбул.

Единствениот победник е Турција, им порача тој, но и не пропушти прилика со зборовите „Збогум Кемал“ да испрати и порака до опонентот кој по 10 години редовни изборни порази, успеа на последните претседателски избори да се покаже како достоен предизвикувач.

Ердоган во својот краток победнички говор имаше време да се наврати и на една од своите омилени теми во предизборната кампања, обвинувајќи го опозицискиот лидер дека ги прифатил про-ЛГБТ политиките. Ова е секако беше наменето за неговата религиозна и конзервативна гласачка база.

Но, иако Ердоган инсистира дека оваа изборна победа е победа на 85-те милиони Турци, сепак овие избори покажаа дека земјата е длабоко идеолошки поделена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

Дејан Дејан

Скокна инфлацијата – поскапа храна, пиајалаци, потстрижување, но и лекување во бања

Дејан Дејан

Како промената на времето влијае по здравјето на луѓето?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе