Вести Свет Топ вести

(видео) Вучиќ се подготвув за најавениот голем собир во Белград – ќе им нуди решенија и дијалог на оние кои мислат поинаку

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на инстаграм преку видео обраќање порача дека течат последните подготовки пред денешниот најавен голем собир во Белград. Тој во своето видео обраќање ги повика сите кои сакаат напредок за Србија, да дојдат на платото пред Народното собрание во 19 часот и заедно како што нагласи да се изборат за иднината на Србија.

Опозициските медиуми секојдневно информираат за притисоци врз вработените и врз сите останати граѓани да дојдат на контрамитингот на Српската напредна странка… Пишуваат дека за денешниот митинг подготвени се квоти, организирани се автобуси, а прогресивците масовно ги пребројуваат граѓаните и ги притискаат да дојдат на партиската „Средба на надежта“.

Претходно опозициските партии и невладините организации постојано го повикуваа Вучиќ да го откаже митингот, со оценка дека тој создава уште поголеми поделби во општеството, во чувствителен момент, по двете масовни убиства во кои животот го загубија 18 лица, а над 20 беа повредени..Во Србија претходните денови се одржаа масовни протести „Србија против насилството“, кои ги организираа опозициски партии… Нов таков митинг е закажан за утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе