Во Грција се одржуваат парламентарни избори кои се сметаат за најнеизвесни во последната деценија. Премиерот Кирјакос Мицотакис, кој постигна економски раст подобар од очекувањата, и намалена невработеност, бара втор мандат по завршување на строгите контроли на трошењето, наметнати од меѓународните кредитори за спас. Неговиот реизбор, кој некогаш се сметаше за мал предизвик, сега е заматен во неизвесност по смртоносната железничка катастрофа пред три месеци.
Неговиот политички противник, Алексис Ципрас, лидер на левичарската СИРИЗА бара промена, која вели е во раце на гласачите. Тој рече дека гласачите имаат можност да ја остават зад себе арогантната влада која не ги чувствува потребите на многумина и да го отворат патот за влада на прогресивна соработка.
Анкетите покажуваат дека денешните избори нема да дадат директен победник според новиот систем на пропорционална застапеност. Ако тоа се случи, нови избори ќе се одржат на почетокот на јули, кога системот ќе се врати на оној што ја фаворизира победничката партија со бонус места во парламентот.
Повеќе од 9,8 милиони Грци имаат право на глас за 300 пратенички места во парламентот. Министерството за внатрешни работи проценува дека до 22 часот ќе се пребројат 80 отсто од гласовите.