Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го потврди 38-от пакет на воена помош за Украина, соопшти Стејт департментот.
Претседателот на САД, Џо Бајден, кој се сретна со неговиот украински колега, Володимир Зеленски на самитот на Г7 во Хирошима, најави пакет помош во вредност од 375 милиони долари.
„Овој пакет на помош вклучува дополнителна муниција за артилериски ракетни системи, артилериска муниција, противтенковско оружје, оклопни медицински возила, камиони и приколки за транспорт на тешка опрема, резервни делови и друга тенковска опрема“, наведено е во соопштение на Твитер.
„Русија денеска би можела да ја заврши војната. Додека Русија не го стори тоа, САД со сојузниците и партнерите ќе бидат крај Украина, колку и да биде потребно“, додаде Блинкен.