Вести Свет Топ вести

Пригожин тврди дека Бахмут е целосно под руска контрола, Украинците негираат

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин тврди дека неговите сили ја презеле контролата врз Бахмут по најдолгата и најтешка битка во руско-украинската војна, но украински воени претставници го негираат тоа.

Во видео објавено на Телеграм, Пригожин вели дека градот бил под целосна руска контрола од денеска напладне. Во обраќањето тој зборуваше во придружба на борци, крај разурнати згради во позадина и експлозии кои се слушаа во далечината.

Со реакција се јави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малјар која рече дека тешките борби во и околу Бахмут продолжуваат.

Серхи Черевати, портпарол на источната команда на Украина, изјави за Асошиетед прес дека тврдењето на Пригожин „не е точно. Нашите единици се борат во Бахмут“.

Борбите околу Бахмут се водат повеќе од 200 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе