Вести Свет Топ вести

„Вашингтон пост“: Пригожин и нудел руски позиции на Украина во замена за нејзино повлекување од Бахмут

Водачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кон крајот на јануари, наводно и понудил на Украина издавање на руските позиции во замена за нејзино повлекување од Бахмут, открива „Вашингтон пост“. Предлогот го пренел на сите негови контакти што ги има во украинската воено-разузнувачка администрација со кои одржувал контакти за време на војната. Таквите податоци „протекоа“ на социјалната платформа „Дискорд“.

Пригожин во неколку наврати упати остри критики на сметка на руските воени команданти. Се закани и на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а во текот на минатата недела јавно го нападна и рускиот претседател, Владимир Путин.

Двајца официјални претставници на Украина дека Пригожин имал неколку разговори со украинската разузнувачка служба позната како ГУР. Еден од нив рече дека Пригожин во повеќе наврати нудел понуди во врска со Бахмут, но официјален Киев го одбивал, бидејќи не верувал дека неговите намери се искрени.

Пригожин одржувал тајни односи со украинските разузнувачки служби, кои покрај телефонски разговори, вклучувале и лични состаноци со вработени во ГУР во непозната земја во Африка. Неговите единици чуваат неколку влади на тој континент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе