Вести Свет Топ вести

Американски авиони пресретнаа руски во близина на Алјаска – воздушните средби опишани како „рутински“

Американски борбени авиони пресретнале шест руски во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска, соопшти синоќа Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД).

Во соопштението на НОРАД се наведува дека руските авиони биле бомбардери ТУ-95, авиони за полнење гориво Ил-78 и авиони ловци СУ-35.

Северноамериканската команда за воздушна одбрана го опиша пресретнувањето како „рутинско“.

Според НОРАД, во така наречената зона за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, американски авиони шест до седумпати годишно пресретнуваат руски авиони и не се смета за закана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе