Вести Свет Топ вести

Нов земјотрес во близина на Адијаман

Тлото во Турција не мирува. Попладнево Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше нов потрес со јачина од 4,5 степени според рухтеровата скала.

Сеизмолозите велат дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Адијаман, источна Турција, на длабочина од два километри и истиот бил регистриран во 16 часот и 15 минути по локално време.

За сега нема информации за нови жртви, а не е познато и дали овој земјотрес предизвикал нови оштетувања иако целиот тој регион е скоро срамен со земја.

Разорниот земјотрес што земјата на 6ти февруари ја погоди со јачина од 7,8 степени по рихтер уништи илјадници згради и куќи, а според последните информации од турските власти до сега во земјата регистрирани се на 40 илјади жртви.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе