Иако, има можност, Македонија нема побарано помош од НАТО за честите дојави за бомби кои се сметаат за хибридни напади. Алијансата е известена за тоа, но механизмите за помош може да се активираат само ако земјата формално испрати барање за помош до НАТО, велат извори од Алијансата за Телма.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се споделуваат информации и регионално и глобално, но тешко е да се открие кој ги испраќа дојавите.
„Сите меѓународни партнери се известуваат за дојавите ги споделуваме информациите за да добиеме помош САД, Швајцарија, Хрватска, ВПН конекции не се појавуваат илјадници ИП адреси во светот од тој провајдер кај што го имаме“, изјави министерот Спасовски.
И претседателот е во постојана комуникација со МВР, но за сега, не гледа потреба прашањето да се крева на ниво на Советот за безбедност бидејќи, вели, институциите постојано работат на решавање на проблемот.
„Оперативниот аспект од она што го знам, а знам сите органи се ангажирани и нема“, вели претседателот Пендаровски.
Стручњаците се согласни дека дојавите за бомби кои зачестија последниов период имаат за цел да внесат страв и паника кај луѓето.
„Тие дојави на бомби стануваат почести затоа што некој го научил модусот за тешко откривање кој го има и во регионот нешто што ние не сме во можност да го идентификуваме од каде доаѓа“, потенцира Злате Димовскои од факултетот за безбедност.
Во Македонија последниве месеци имаше повеќе од 100 дојави за бомби во училишта, трговски центри и институции. Ист тренд има и во регионот, каде исто така се испраќаат пораки за поставени бомби по електронска пошта.
Марија Дивитарова Савановиќ