Вести Македонија Топ вести

(видео)Илинденска е проодна, приватните превозници ги повлекоа автобусите и сега чекаат средба со Ковачевски

Премиерот Ковачевски побара, приватните превозници прифатија. Автобусите од Илинденска се повлекуваат за превозниците да седнат на маса со првиот човек на владата но и Градот Скопје.

Дали оваа заедничка одлука ќе донесе решение за двонеделниот проблем со кој што се соочуваа Скопјани.

Долог пак од над 1 ипол милион евра приватните превозници ќе го бараат по судска постапка.

Приватните превозници остануваат на ставот дека нема да се пријават на огласот кој го распиша градот Скопје. Од таму молк и на прашања на Телма дали и колку приватни превозници се пријавиле на огласот и дали е точна информацијата дека бугарска фирма ќе го преземе превозот во градот Скопје.

Блокадите започнаа на почетокот на месецот, а во еден период беа блокирани трите најголеми раскрсници во Скопје (Илинденска, Мавровка и Црвен Крст во Центар).

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе