Вести Македонија Топ вести

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Статусот на охридското езеро како светско природно и културно наследство е зачуван, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Додава дека успехот е резултат на активна, и координирана дипломатија, во соработка со пријатели од меѓународната заедница. Вели дека се воделе интензивни разговори, дипломатски консултации и дека се граделе заеднички позиции со државите-членки на комитетот за светско наследство. Муцунски рече дека зачувувањето на статусот е само прв чекор.

Свесни сме дека пред нас стои обврската да обезбедиме долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да ја изградиме довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство, рече Муцунски.

Претходно УНЕСКО, организацијата за образование, наука и култура на обединетите нации, го одложи впишувањето на охридскиот регион на листата на светски наследства во опасност, но под услов Македонија до февруари 2026-та година да исполни низа конкретни обврски за заштита на неговите природни и културни вредности.

Амандманот го македонската делегација, на состанокот на УНЕСКО во Париз, со кој побара повлекување на нацрт-одлука со која се предлагаше впишување на регионот како светско наследство во опасност.

  • „Тоа е уште една лоша работа која што се случуваше во минатото, во времето на СДСМ. Јас ги гледав тие прес-конференции и тие пораки кои што доаѓаа од Бихаќка, и молчевме. Не сакавме да реагираме, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа, ние се боревме во една жестока дипломатска офанзива да се даде шанса, да Охрид добие уште еден транзициски период, со што ние би отпочнале со имплементирање на препораките коишто, за жал, претходната Влада не ги започна“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката на УНЕСКО.Мицкоски посочи дека извештајот е во период од 2017 до март 2024 во владеење на претходната Влада на СДСМ.

    „Не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до политичките партии од претходната Влада, продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поединци блиски во претходната Влада. Па така, некои од одобренија за реконструкции правата нови згради — да речеме, во центарот на Охрид. Понатаму, тој извештај за кој што станува збор се однесува на периодот од 2017 до март месец 2024 година, и препораката беше за тој период. Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки. За таа цел, Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која што овие дивоградби, посебно во Охрид, а посебно оние дивоградби кои што имаат одобрение за реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти, ќе бидат срушени, и со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои што ги злоупотребуваат. А не треба на јавноста, и на вас, да ви кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион“, дециден е Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе