Вести Свет Топ вести

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Италијанката Франческа Албанезе, специјален известувач на Обединетите Нации за Палестинските територии, денеска застана во одбрана на својата работа, откако администрацијата на Трамп објави дека воведува санкции против неа, во уште еден обид на Соединетите американски држави да ги казнат критичарите на Израел и 21-едно месечната војна во Газа.

Претходно, САД водеа и неуспешна кампања против Албанезе, со цел таа да биде сменета од нејзината функција.

Најголемиот грев на Албанезе, за САД како најголем поддржувач на Израел, е нејзината поддршка за меѓународните потерници кои Меѓународниот кривичен суд ги издаде во ноември минатата година против израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху и тогашниот министер за одбрана, Јоав Галант, кои се обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства во врска со војната во Газа.

„Моја должност беше да го откријам фактот дека геноцидот во Газа не запре, затоа што тоа се прави со одредена цел. Тоа е тактика која Израел ја користи за да спроведе етничко чистење на тоа што преостанува од Палестина, „бришејќи“ ги Палестинците од тоа што останува од нивната земја. Видете, многу е јасно што прави Израл. Ние може да негираме, да ја криеме вистината, но таа е пред нашите очи. Тоа е мојот став. Мислам, луѓето може да се прават глупи, но ние ќе бидеме остро осудувани“ – изјави Албанезе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе