Вести Македонија Топ вести

Проширена истрагата на уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Истрага против 13 полициски службеници од Кочани и од Штип, меѓу кои началници и раководители отвори обвинителството во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ за тешки дела против општата сигурност.

Тие се сомничат дека од 14 март до пожарот на 16 март годинава не постапиле според прописите за мерките за заштита. Полициските службеници одобриле План за акциска контрола на угостителски објекти во Кочани без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи.

Всушност тие контролата во дискотеката пред да избие пожарот ја направиле врз основа на ист план како претходните без никакви измени.

„Не преземале мерки да спречат активирање на пиротехничка опрема на сцената каде настапувала музичката група „ДНК“ во моментот кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во полициската станица Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „ПУЛС“, со што не преземале мерки за заштита за присутните лица во дискотеката „ПУЛС“ – изјави државниот обвинител Коцевски.

На прашањето зошто дури сега три месеци по несреќата беа приведени овие полициски службеници, Коцевски изјави дека досега се водела предистражна псотапка во координација со МВР.

„Со тоа што откако се обезбедија докази се поднесе кривична пријава од страна на МВР и против овие лица. МВР беше во координација со јавниот обвинител за организиран криминал кој што издаваше наредби. Дел од лицата беа и сослушувани претходно, така што не е ова сега што ние сме дознале, тукус ега прибравме докази.“ – рече Коцевски.

Телма вчера објави дека приведените биле на функција или на должност вечерта кога се случи пожарот во кочанската дискотека.

Меѓу нив се и началниците на кочанската полиција и на криминалистичкиот оддел за кои беа објавувани фотографии од учество на партиски состаноци што е забрането според Законот за полиција.

Претходно обвинителството отвори истрага за други 14 полициски службеници, а петмина од нив се веќе во пензија.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе