Вести Економија Топ вести

Ќе донесе ли војната меѓу Израел и Иран нов бран на поскапувања?

Војната меѓу Израел и Иран ја вивна цената на нафтата. Утринава се зголеми за 10 долари. Првиот регулатор Бислимовски предупреди ако продолжи овој тренд на раст,  апсолутно ќе се одрази и на цените на дериватите во  земјава.

За следната недела кога ќе се прави корекција не верувам дека ќе има драстично влијание, но ако продолжи овој тренд на високи цени на нафтените деривати секако дека ќе има влијание и на цената која ќе ја плаќаат корисниците во Македонија, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски. 

Но, не очекува ваквите ценовни пореметувања да донесат нов бран поскапување и на останатите продукти кои се користат тука, како што се случи претходно.

Имаше цени на нафтени деривати и дизел кој беше 110 денари кога беше причина за голем број поскапувања.  Денеска цената на дизелот е 66 , 67 денари, а цените на производите кои што тогаш се покачија не се вратија назад така да не верувам дека тоа ќе има драстично влијание и на останатите продукти кои се користат во државата, додава Бислимовски.

Билсимовски е оптимист дека овој ценовен скок е моментален пик.

Откако, се влоши состојбата на Блискиот Исток  глобалната економија повторно се најде под силен удар. Стравот ги раздвижи берзите. Цените на нафтата пораснаа за нешто повеќе од 4 проценти. Според, анализите,  ова е најголем дневен пораст од март 2022 година, периодот кога почна војната во Украина.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе