Израел преку изјавите на своите функционери се чини дека порачува оти операцијата „Разбуден лав“ како што ги нарекоа нападите врз иранската нуклеарна програма, нејзините челници, како и воената команда на иранската армија, ќе продолжи.
Освен изјавите, на ваков заклучок посочуваат и дел од самите мети кои израелското воено воздухопловтво ги нападна, односно противвоздушната одбрана. Таа веќе претрпе тежок удар минатата година, кога Израел уништи голем дел од противвоздушните системи, и тогаш Тел Авив се пофали дека сега неговите авиони можат неприкосновено да продираат во иранскиот воздушен простор.
Израел официјално соопшти дека во операцијата учествувале 200 ловци, но во дел од оваа операција може да се препознае и заштитниот знак на Мосад. Разузнавачки извори за медиумите сугерираа дека агенти на израелската агенција прошверцувале беспилотни летала со експлозиви во Иран, многу порано од почетокот на операцијата.
Ова многу потсетува на елементи од укаинската операција која уништи една третина од руската флота стратешки бомбареди пред 2 недели, но и на спектакуларните операции на Мосад против Хезболах во Либан минатата година.
Според безбедносни извори, мета на израелските беспилотни летала била ракетни системи земја – земја, кои би биле употребени при евентуален ирански одговор на израелската операција.
Релативно благиот одоговор на овој досега невиден израелски напад врз Иран, посочува дека Тел Авив и Мосад завршиле добра работа, или успеале да ја нарушат командата и контролата врз иранската армија, и нема кој да даде наредба за лансирање на балистичките ракети, или пак успеале да ги уништат сите ракети кои биле предвидени за лансирање при евенуален израелски напад.
Во секој случај, и покрај реториката на Техеран, неговите способности веднаш да одговорат на израелска агресија, не се тоа што беа порано.
Шест ирански нуклеарни научници меѓу загинатите во израелскиот напад