Вести Свет Топ вести

Урнати два железнички моста во Русија – Москва се сомнева во украинска вмешаност, Киев молчи

Најмалку седум лица загинаа, а 69 се повредени при уривање на два железнички моста во западни региони на Русија кои се граничат со Украина. Според руски официјални претставници, инцидентите ги предизвикале експлозии, без да наведат детали. Велат само дека се поврзани, а рускиот истражен комитет соопшти дека ќе ги истражи инцидентите како потенцијални акти на тероризам за кои се сомневаат дека стои Украина. Цела ноќ и претпладне се работи на пружање на сета помош на повредените и повторно оспособување на оштетената пруга за сообраќај.

„На повредените им се пружа сета неопходна помош, а се работи и на санирање на оштетените пруги. Два воза за поправка и две инженерски возила се распоредени за демонтажа на фрагментите од мостот и расчистување на шините од излетаната локомотива и вагоните“, изјави Пјотр Фирсенков, в.д. заменик-шеф на руското Министерство за вонредни ситуации во Брјанск

Првиот инцидент се случил ноќеска, околу еден час пред полноќ, на мост над железничка пруга во областа Бријанск во која е прогласена тридневна жалост. Во моментот на уривање, под него минувал воз со 388 патници, наведоа руските истражни органи. Четири часа подоцна се урна и железнички мост над автопат во областа Курск, што резултира со излетување на товарен воз од шините. Двата воза се сопственост на руските државни железници.

Руските региони кои граничат со Украина се честа мета на украински напади од почетокот на руската инвазија во февруари во 2022 година. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гаѓање на цивилни цели, но и двете ги негираат таквите наводи.

Украинското воено разузнавање денеска соопшти дека руски воен товарен воз, кој превезувал храна и гориво, бил разнесен на пат кон Крим, без да навлегува кој ги извршил нападите, ниту пак во него се споменува уривање на мост. Засега нема коментар од официјален Киев за железничките инциденти во Бријанск и Курск. Двата инцидента се случија на ден од најавената втора рунда на мировни преговори меѓу Москва и Киев во Истанбул, со посредство на САД.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе