Вести Свет Топ вести

Три лица загинаа, над 50 се повредени – пожар во болница во Хамбург

Три лица загинаа во пожар во болница во Хамбург, соопштија денеска официјални лица. Повеќе од 50 лица се повредени, од кои 16 потешко, изјави портпаролот на противпожарната служба за агенцијата ДПА.

Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта, пред да се прошири на првиот кат. Пожарот наводно избувнал во геријатриското одделение на болницата, што е специјализирано за нега на постари пациенти. Причината за пожарот е непозната, како и обемот на штетата.

„Пожарникарите спасуваа луѓе низ прозорците. Во спасувањето учествуваа околу 160 спасувачи. Пожарот е изгаснат, а делови од зградата се евакуирани“, изјави портпаролот.

Болницата има околу 600 кревети и лекува приближно 93.000 пациенти секоја година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе