Вести Македонија Топ вести

Струмичкиот театар се градеше, речиси, 12 години, а треба да се реконструира пред да почне со работа

По, речиси, 12 години градба, струмичкиот театар ќе треба да се реконструира пред да се отвори. Проблемите со различни изведувачи, па и неколкуте спора што се појавија во текот на долгиот процес на градба, направија сериозни пропусти кои ќе мора да се решат пред да се отвори театарот.

Вработените во струмичкиот театар биле консултирани и тие ги изнеле забелешките. Најголем проблем е тоа што не е предвиден соодветен влез и излез за техничката опрема, како и светлосните кули, но и други проблеми кои во следните месеци ќе треба да се надминат.

„Ние како театар, како вработени, стручни лица, дадовме забелешки на овој проект. Проектот го води музејот на Град Струмица и се надевам, со изведувачите и со проектантите, тие некои недостатоци што ги има, да ги решат. И се надевам дека ќе тргне работата“, изјави Драган Маџиров, директор на НУЦК „Антон Панов“.

Реконструкцијата и повторната изградба на струмичкиот театар почна во 2014 година. Тој се наоѓа во стариот дел на градот, на местото на првиот театар кој целосно изгоре во пожар. Актерите беа главни поборници театарот да добие свој објект, бидејќи условите за работа во центарот за култура стануваат се посложени, со оглед на дотраеноста на дел од сценската опрема во овој чеитридеценсики објект.

„Сепак, не зависи до нас. Ако работите тргнат на добро, ние се спремаме за овој прв збор кој ќе биде во новата зграда. Ќе бидат ангажирани сите актери кои се живи овде за еден специјален нов текст кој ќе биде во новата зграда. Ќе нѝ биде голема чест, оставам на времето, ќе покаже кога ќе биде. Си има стручни лица кои се надевам дека ќе го направат тоа и Струмица и Македонија ќе добијат еден современ театар“, додава Маџиров.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков рече дека довршувањето на струмичкиот театар е приоритет и објектот ќе се отвори во 2025 година.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе